четвъртък, 21 февруари 2013 г.

Музејот на холокаустот во Скопје крие една голема тајна - празен е

Музејот на холокаустот во Скопје можеше да биде грандиозен туристички објект. Можеше да биде место што ќе ги привлече илјадници туристи.

Можеше, ако не беше дел од грандоманскиот проект на Владата на Македонија за трансформација на Скопје во градот на Великата Македонска Нација. Музејот е смаjвашто голем, но сосема во склад со големината на сите триумфални арки, статуи, коњи и лавови, кои веќе претвориjа тивкиот, мирен град во уродлив, дури морничав Дизниленд.

...

Зградата, како вистински Меморијален центар, навистина е отворена за секого. Во неа сепак е забрането да се фотографира. Зошто? Зашто крие една голема тајна. Голема речиси колку импресивната зграда, чии димензии во пати надминуваат оние на меморијалниот центар на холокаустот "Јад Вашем" во Ерусалим.

...

Големата тајна, која останува скриена од сите камери, е дека зградата всушност е празна. Апсолутно. А нема и да се наполни. Во неа нема да има изложба, која ќе раскажува за историјата на заедницата.

...

Нема информации и за оние кои успеале да придонесат за спасувањето на некои Евреи за време на депортациите во 1943 година.

Во музејот има само десетина слики, зголемени до грамадна големина, кои сугерираат на посетителот едноставно тезата "Бугарите се виновни!" Слики на цар Борис III заедно до Хитлер, на тогашниот министер за внатрешни работи Петар Габровски, како и на премиерот Богдан Филов. А исто така и слики од возови. Во овој музеј единствениот материален експонат е еден вагон.

Стар, дрвен, коњски вагон од оние со кои во музејот велат дека е станувала депортациjата на Евреите. Пред овој вагон се снимале сите македонски државни раководители, водени се и странски делегации.

Одлуката на тој начин да вметнуваш вина на тогашната бугарска нација и бугарската власт не е само грозна, но и несоодветна. Бидејќи всушност вагонот е фалсификат. Никој не се погрижил да провери дека логото на БДЖ со крилцата е воведено од бугарските железници дури во 1964. Македонската наглост, сепак, не доаѓа дотука. Сличен вагон со истото лого е испратен до Музејот на холокаустот во Њујорк - како подарок во името на идната соработка. Оттаму враќаат вагонот со објаснување дека не е автентичен.

...

Во Македонија одамна располагаат со богат арсенал на слични фалсификати. Во филмот "Битолски Евреи" е прикажана слика на македонско евреjче со дигнати раце, конвоирано од бугарски војници. Војниците се отсечени, бидејќи се всушност германски, а детето е евреjче од Варшавското гето.

Што цели еврејската заедница во Скопје? Зошто се сите овие напади?

...

Музејот на холокаустот во Скопје можеше да е вистински успешен ако беше организиран како музеј на Евреите од балканските земји. Тогаш ќе привлекуваше во пати повеќе туристи. А и немаше да има потреба од фалсификати. Но ќе беше елегантен повод Македонија да затопли односите не само со Бугарија, туку и со Грција. Бидејќи Евреите се Евреи независно во која држава се родиле.

Силва АВДАЛА, Тел Авив - СКОПЈЕ

Цялата статия: http://www.24chasa.bg/Article.asp?ArticleId=1694519

Оригинален пост: http://vihren.blog.mk/2012/12/31/muzejot-na-holokaustot-vo-skopje-krie-edna-golema-tajna-prazen-e/

Няма коментари:

Публикуване на коментар